Илјадници луѓе со часови чекаа да се простат од Џорџ Флојд

Долги колони луѓе пред црквата во Хјустон. Илјадници чекаа за да се простат за последен пат од Афроамериканецот, Џорџ Флојд, кој јавно беше загушен од полицаец за време на апсењето.

Хјустон е градот кадешто Флојд беше роден и ги помина деновите на дтството и младоста.

На комеморацијата дојдоа и семејства на други жртви на полициската бруталност во Америка.

Дел од присутните носеа мички со натпис ,,Не можам да дишам“ или со ликот на Флојд.

Џорџ Флојд беше погребан во неговиот роден крај.

Тој стана симбол на модерната борба против расна дискриминација во САД , но и во светот.