Илјадници мигранти тргнаа кон Европа

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во одвоени телефонски разговори со рускиот и со турскиот претседател, побара итно запирање на воените активности во Сирија.

Тој потоа изјави дека се очекува нова хуманитарна катастрофа и хаос во Европа, доколку Турција не ја суспендира својата одлука за отвoрање на границите кон Европа.

На автобуската станица во Истанбул стотици мигранти чекаат да се транспортираат до границите со Европа. Најмногу од нив се тргнати кон Грција.

,,Доаѓам од Измир. Тука сум две-три недели. Одам за Грција, а потоа во Франција“-вели Масуд.

Има семејства со деца. И тие чакаат да се качат во автобус на пат кон Грција.

Но, Грција нема намера да дозволи влез на нови мигранти.

Оваа земја веќе има проблем со домашното население, кое жестоко протестира поради обидот на грчката Влада да направи бегалски кампови на островот Лезбос.

Турција побара помош од НАТО сојузниците во борбени авиони.

Поради бомбардирањето врз опозициските бунтовници од страна на авијацијата на Русија и Сирија во покраината Идлиб, Турција низ граничниот премин Ердене пушти 37.000 бегалци.

Снимките на некои светски телевизии од пограничните региони со Турција во Сирија покажуваат дека се тргнати колони бегалци кон турската граница.

Меѓутоа, како што известуваат некои светски медиуми, меѓу мигрантите има голем број кои доаѓаат од Иран и други земји, а помалку се од Сирија.

АКО.мк

Фото: Ројтерс