Името Република Северна Македонија влегува веднаш во меѓународна употреба

Од денеска, нашата земја во светот и официјално е Република Северна Македонија. По изгласувањето на уставните измени и Уставниот закон , промените уште денеска ќе се објават во Службен весник. Потпис од Претседателот Иванов не е потребен, иако тој најави дека нема да ги потпише одлуките за името донесени вчера, на 11.01.2019 во Парламентот на РМ.

Премиерот Заев во своето обраќање рече дека ова е согласно Договорот од Преспа, а таму, како што рече , е прицизно напишано како ќе оди промената на Република Македонија во Република Северна Македонија за домашна употреба.