Ова се прозорците од задната страна на Фондот за пензиско осигурување на кои вработените пушат, пијат кафе и потоа догорчињата и пластичните чаши ги фрлаат или во жардињера, ако погодат, а ако не на земја.

Ирена Ристиќ чисти и покажува како администрацијата пуши и фрла долу

Само неколку чекори од нивните прозорци, на кои секој ден пушат, значи и гледаат натаму, се наоѓа запуштен дрворед со зимзелени дрвја, а таму може да најдете од ремен, панталони до човечки измет.

Формацијата на ,,Не биди ѓубре“ почна да го чисти никогаш неисчистениот двор на ПИОМ
Филип си најде панталони
Беа пронајдени лименки, пластични шишиња, ѓубриште, кучешки измет и човечки измет(види слика) за кој формацијата на Ирена не доби дозвола од неа да го дислоцираат


Оваа невладина, непрофитна и граѓанска дружина ја одликува пред сѐ граѓанска одговорност која сакаат да им ја префрлат како урнек на сите граѓани, кои впрочем го произведуваат ѓубрето и на институциите кои не чистат и се неодговорни во секоја смисла на зборот.

,,Изложбениот салон“ на параѓубреџиите: чевли, гардероба и други дребулии најдени наоколу туку-така фрлени

Оваа акција се одвиваше на денот на изборите, па беше отворен и ,,изборен штаб“ . Патем , и си гласаа и чистеа.

,,Изборен штаб“ на параѓубреџиите

Дружината на Прва метла(Ирена Ристиќ) е тивка, работлива, со променлив состав, неколкумина се постојани и редовни на акциите, но често им се приклучува по некој нов. Во неделата имаше нова активистка, студентка на Археологија, тука е Марија, студентка на медицина, Филип и уште неколкумина фанатични екологисти, опптествено одговорни луѓе до коска, брутално искрени и отворени. Доаѓаат , се поздравуваат и се распоредуваат наоколу кој со метла, гребло или друг алат потребен за справување со секакви ситуации.

Ова околу ПИОМ, кажуваат, за нив е ,,ситна риба“. Да знаееш што сѐ имаме видено, ќе ти се слоши, ми велат.

Изненадувачи е колку посветено ја работат работата за која никој не ги плаќа
Го светнаа паркинг просторот околу ПИОМ

Луѓе поминуваат, ги погледнуваат , и си заминуваат. Ниту збор. Но, има и такви кои воопшто не ги забележуваат. Веројатно мислејќи дека се работи за локални комуналци, кои се разбира овде немаат дојдено со години. Па дури и тоа не ги изненадува. Ако поминете малку понатаму каде што живеат на диво неколку ромски семејства, лево кон населбата и десно под мостот, ќе се шокирате каква нечистотија произведуват и во што живеат. Но, и како тоа веќе никому не пречи. Ниту на тие што поминуваат, или џогираат, или возат велосипед, одат на работа, ниту на тие што живеат наоколу во зградите. А најмалку на локалните власти.

,,Не биди ѓубре“ се граѓански активисти, уникатни по својата дејност, желба и ентузијазам, не само кај нас,туку и во светски рамки.

Параѓубреџиската формација пред ПИОМ

Своето слободно време го потрошија за да покажат како не треба и како треба. Им оставија чиста околина на пиомци.

Дали пораката ќе биде примена?

А еве како беше и што исчистија само од нешто што треба да биде зеленило:

Ѓубре ли си ѓубре, големи маки параѓубреџиски…

Не е воопшто романтично како што изгледа на нивните фотографии од многубројните акции.

Филип во изложбениот салон на ,,Не биди ѓубре“

Напротив, прилично е одвратно колку е валкано и колку овој народ живее антицивилизациски и невоспитано.

,,Ќуту,пушу,пролазнике гледу…“(Рибља чорба)


Пораката е испратена.

Засадете и негувајте цвеќе

До сите неспособни и неодговорни институции, кои наместо да се засрамат и да си ја завршат работата за која се платени, ги игнорираат овие пораки или пак им нудат помош во црни вреќи и реквизите за да им ја завршат нивната работа. Каков апсурд и безобразие!

Но, покрај сѐ, Ирена Ристиќ е непоколеблива

,,Не биди ѓубре“ продолжуваат да ни делат лекции на сите. До некое следно видување и параѓубреџиска акција.

Поддршка за Ирена Ристиќ

Со параѓубреџиите беше: Емилија Лазаревска за ако.мк