Индекс.хр:Македонски националисти ја слават смртта на Албанците во страшната несреќа

Познатиот хрватски портал Индекс.хр, во текст со наслов ,,Македонски националисти ја слават смртта на Алабнците во страшната несреќа: ,,Бог е голем“, пишува за некои непримерни и неприфатливи коментари по стравичната автобуска несреќа.

,,Македонските националисти ја искористија приликата за да се насладуваат над смртта и загинувањето на Албанци кои патуваа со автобусот , јави за Индекс.хр глумецот во Тетовскиот театар и асистент на Универзитетот во Тетово, Елмир Сејфулаи.

Сејфулаи за Индекс.хр,   го објаснил славеничкиот контекст и испратил скриншотови од некои статуси на социјалните мрежи.

,,Во сообраќајната несреќа загинаа и Македонци и Албанци. Но тоа сепак не им пречеше на северномакедонските националисти да ја слават смртта на Албанците“ ги брифирал новинарите од хрватски Индекс тетовскиот актер.

Овој тетовски глумец исто така, вели дека за сите проблеми ,,во Северна Македонија , ги обвинуваат Албанците. И кога имаат проблем со Србите поради црквата, со Бугарите поради јазикот, со Грците за името“.

,,Единствена држава која меѓу првите ја призна Македонија во 1991 година без никакви услови е Албанија. Албанците сочинуваат преку 35 насто од населението на Северна Македонија“- изјавил за Индекс.хр, актерот Сејфулаи.