Роџер Федерер немаше проблеми против Кајл Едмунд и со рутинска победа обезбеди четвртфинале на првиот Мастерс од серијата 1000.

Британецот Едмунд освои само пет гејма во двата сета, Федерер беше подобар со 6-4 и 6-1 за четвфртфинале на Мастерсот на кој во оваа рунда се среќава со Хуберт Хуркач од Полска, тој беше поуспешен од Денис Шаповалов.

Во четвртфиналето пласман обезбедија и Рафаел Надал по победата над србинот Крајановиќ со 6-3 и 6-4, МОнфис беше подобар од Колшрајбер со 6-0 и 6-2, инаку Колшрајбер претходно го елиминира Ѓоковиќ.