Индија: Во стампедо загинаа 24 лица

Дваесет и четири лица го загубија животот во стампедо кое се случи во градот Варанаси на северниот дел на Индија, при хиндуистичкиот обред, јавува Anadolu Agency.

Деветнаесет лица загинале на лице место, а пет починале во болница. Четворица од дваесетте колку што се хоспитализирани се тешко повредени.

Премиерот на Индија, Наренда Моди, на социјалната мрежа Твитер наведе дека му е жал поради страдањето на толку луѓе во стампедото, а на официјалните лица им нареди да им пружат потребна помош на оштетените.

Во стампедото во октомври 2013 година до кое дојде во сојузната индиска држава Мадја Прадеш, животот го загубија повеќе од 110 лица, меѓу нив и жени и деца.