Инспекторатот ги казни препродавачите на зеленчук за нехигиена и создавање диви депонии

Во текот на денешниот ден Инспекторатот на Град Скопје спроведе акција на ул. ,,Перо Наков“ на територија на општина Гази Баба и изрече десет мандатни платни налози за оставање на остатоци од земјоделски производи на јавна површина.

Дивите депонии ги прават препродавачите на земјоделски производи, кои патем, тука претстојуваат со денови и живеат во вакви услови.

Во крајно ризични хигиенски услови се продаваат прехрамбени артикли.