По пријава на граѓани дежурните Комунални инспектори на Инспекторатот на Град Скопје веднаш излегоа на терен каде што беше костатирано дека ЈП ..Комунална хигиена“, не може да изврши подигнување на садовите за комунален смет поради непрописно паркирани возила.

,, Веднаш беше повикано пајак возило кое ги отстрани неправилно паркираните возила. Сите неправилно паркирани возила се санкционирани“-објавија од инспекторатот.