Инспектори ги ловат одложувачите на стар мебел и кабаст отпад низ градот

Дежурните екипи на Инспекторатот на Град Скопје на улица ,,Маџари“ во општина Гази Баба спроти основното училиште Дане Крапчев лоцираа и фатија лице кое недозволено одлага кабаст отпад и истото е санкционирано согласно Законот за јавна чистота.

Одлагањето на стар мебел и друг кабаст отпад е голем проблем во Скопје. Наместо да се повикаат локалните самоуправи и да се информираат на кој начин да се ослободат од старите работи, на жителите на Скопје им е полесно да го фрлат до најблискиот контејнер.

Ова се се случува буквално во секој дел од градот, па и во најстрогиот центар.

Скопје е претворен во една голема депонија.

Грдските власти мора итно да најдат решение за овој грд и горчлив проблем и да почнат да применуваат редовни санкции кон несовесните граѓани.