Инспектори ги пронајдоа лицата што истурија градежен шут во Трнодол

Инспекторат на Град Скопје во текот на денот им влезе во трага на несовесните лица кои истурија цел камион градежен шут покрај патот во Трнодол во пределот на така нареченото Шпанско село.

,,Сторителот на ова нелегално депонирање на градежен шут во населбата Трнодол е пронајден и утре ќе му биде изречена највисоката законски предвидена глоба и задолжување да го врати теренот во првобитна состојба“-информираа од инспекторатот.

Како што објавивме денеска за овој чин беше информирано на социјалните мрежи.