Инспектори фатија одложувачи на градежен шут, кабли и пластика во Вардариште

Со фотографии и куса објава на ФБ страницата на Инспекторат на Град Скопје, службата информира дека и денеска се фатени на местото на настанот несовесни граѓани кои со автомобили и камиони непрописно одложуваат градежен смет, кабли и разен отпасд на старата депонија Вардариште, од каде често доаѓа загадувањето за целиот град.

Овде често се пали сметот , предизвикувајќи голема загаденост и неподнослива миризба.