Инспекција го затвори кафе барот Интермецо

По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина Центар, Секторот за инспекциски надзор донесе решение во кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена.

,, Во интерес на граѓаните и подобрување на начинот на живот на центарци, апелирам до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи“-вели градоначалникот Саша Богдановиќ.