Инспекција ја забрани изградбата на најтесната зграда во Белград

Инспекциска служба ги забрани натамошните работи на најтесната зграда во Белград. Широчината на зградата која се наоѓа во белградската општина Ѕвездара е само 3-4 метри!

Како што пренесува Беоинфо, во текот на инспекцискиот увид е констатирано дека оваа уникатна зграда треба да биде висока шест ката, сутерен, приземје и плус 6 ката.

Објектот се градел без дозвола и соодветна документација, а на градилиштетот кое не е оградено,  немало никаква табла со потребните информации.

Како што прерходно известија дел од белградските медиуми, изградбата на оваа необична зграда е резултат на кавгата меѓу двајца браќа, лои не можеле да се договорат за поделба на заедничката парцела.