Интернетот веднаш по телевизијата

И покрај тоа што телевизијата сè уште е медиум од којшто граѓаните во Македонија најчесто се информираат, во последната година се забележува дека помал дел од граѓаните секој ден или речиси секој ден се информирале од телевизијата отколку во претходната година, и тоа за 7,8 процентни поени.

Од друга страна, за речиси толку се зголемило учеството на оние што се информирале од интернетот (за 6,7 процентни поени).

Зошто гледаат телевизија

И во 2015 година најчеста причина поради којашто граѓаните гледале телевизија било да се информираат за домашните и странските настани. Сепак, резултатите од истражувањата покажуваат дека нивното учеството се намалува. Па така, во 2015 година 58,3% од испитаниците одговориле дека најчесто гледаат телевизија за да се информираат, наспроти 66% во 2012 година. Од друга страна пак, се зголемило учеството на оние коишто најчесто гледаат телевизија за забава – од 18% во 2012 година на 21,9% во 2015 година. Најчеста причина поради којашто публиката слушала радио е за забава, а речиси подеднаков дел од граѓаните најчесто ги користеле интернетот и печатените за да се информираат за домашни и странски настани .

%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5

Телевизијата води, интернетот се доближува

Телевизијата го задржува водството над останатите медиуми во однос на информирањето на граѓаните. Речиси 75% од граѓаните, секој ден или речиси секој ден за домашни и странски настани се информирале од телевизијата, а 11,8% неколку пати во неделата.
На второто место е интернетот со 48,1%, а трет избор на граѓаните се печатените медиуми со 12,1%. Радиото е медиум којшто најмал дел од граѓаните го користат за да се информитаат.

%d1%82%d0%b2 %d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%bd%d0%b5%d1%82

Односот помеѓу бројот на публиката којашто секојдневно се информира од телевизијата е обратно пропорционален со степенот на образование, односно со зголемување на степенот на образование на испитаниците се намалува учеството на оние кои се информираат од телевизијата. Состојбата е обратна кај испитаниците кои се информираат од интернет и од печатени медиуми.

%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d0%b7

Од друга страна пак, со зголемување на возраста се зголемува и учеството на испитаниците што секојдневно или речиси секој ден се информираат од телевизијата: 51% од испитаниците на возраст помеѓу 15 и 25 години, 52% од оние на возраст помеѓу 26 и 35 година, 71% од оние на возраст помеѓу 36 и 45 години, 86% од оние на возраст од 56 и 54 години и дури 90% од испитаниците над 65 години.
Обратно пропорционално пак, со зголемување на возраста се намалува учеството на оние коишто се информираат од интернет – од 89% од испитаниците на возраст помеѓу 15 и 25 години, до само 9% од испитаниците над 65 години.
Слика 4.

Се помалку се чита и слуша радио

Учеството на граѓаните коишто се- којдневно или речиси секојдневно се информирале од печатените медиуми, се намалува од година в година. 60% од испитаниците одговориле дека во текот на минатата недела слушале некоја радиостаница. Период во којшто македонската публика најчесто слуша радио е помеѓу осум и 14 часот. Слика 8.

Најмногу се гледаат вести, најмалку забавни емисии

Најчест избор од понудените програмски содржини на македонската публика биле вестите и информативната програма. Запрашани да ги рангираат во најмногу четири категории програмските содржини што најчесто ги гледаат на телевизија, 46,5% во прв ранг ги одбрале вестите и информативната програма, а зад нив играните серии (12,5%), спортските содржини (9,8%) и забавните емисии (5,2%).

Премногу серии, малку култура

За испитаниците премногу застапени на програмската содржина на домашните телевизии се играните серии. За забавните и музичките емисии, спортските содржини, вестите односно информативните програми, како и дебатните односно политичките емисии, најголем дел од публиката сметала дека се доволно застапени. Програмски содржини за коишто најголем дел од испитаниците сметале дека не се доволно застапени биле културната и образовната програма, програмите за деца и цртаните филмови, документарните емисии и играните филмови.

Публиката не била задоволна од квалитетот на играните филмови, играните серии и образовната програма – односно најголем дел од испитаниците оценувајќи го квалиетот на овие содржини се изјасниле дека тој не е на задоволително ниво . За останатите содржани сметаат дека се на задоволително ниво.

Инаку, најголем дел од испитаниците содржините ги консумираат преку тв приемник, па компјутер и на крајот мобилен телефон.

Само 0,5% од испитаниците одговориле дека немаат телевизор во домот.

Р.А.