Инфантино: Иран мора да им дозволи на жените непречен влез и присуство на стадионите

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, побара Иран да ја укине забраната за влез и присуство на стадионите на жените, која е воведена во 1979 година.

,,Нашата позиција е јасна.Жените мора да имаат непречен пристап на спортските стадиони“-изјави Инфантино.

Тој се надева дека забраната ќе биде укината пред почетокот на Сетското првенство.

Оваа тема дополнително доби светско внимание по смртта на 30 годишна Иранка , која на почетокот на месецот во знак на протест се самозапали пред судот, кога разбра дека најверојатно ќе добие казна затвор само затоа што се обидела да влезе на еден стадион.

Таа се преправила во маж, но полицијата сепак ја препознала дека е жена и ја уапси,по што помина три дена во притвор.

,,Сега е вистински момент да се променат работите, ФИФА очекува позитивен развој на ситуацијата, очекуваме присуство на жени на натпреварот на иранската репрезентација, која ќе игра на домашен терен“-стои во соопштението на ФИФА.