Исидора Бјелица ја изгуби битката со канцерот

Српската екстравагантна писателка и јавна личност, Исидора Бјелица, почина во станот на нејзините родители во Нов Белград, објави српскиот портал Блиц.

Таа со години се лекуваше од канцер, а пред еден месец напиша објава на социјалните мрежи дека не може повеќе да издржи.

,,Мислев дека можам сама, не сакав да ви досадувам. Но не можам повеќе. Ова се тешки физички и психички маки. Молете го драгиот Исус да ја заврши оваа агонија“-напиша Бјелица.

Исидора Бјелица беше успешна писателка со над 40 книги во својата кариера посветени на разни општествени теми за разни возрасни групи.

Родена е 1967 година во Сараево и има завршено факултет за Драмски уметности во Белград.

Беше водителка на повеќе ток шоуа и емисии на разни телевизии.