ИСИЛ го срамни со земја историскиот град Нимруд

Три дена откако ирачките сили ги протераа борците на ИСИЛ од древниот ирачки град Нимруд, фоторепортерите и камерманите на турската новинска агенција Анадолија кои први влегоа таму по ослободувањето, се соочија со страотна слика. Сите историски споменици се разурнати, а некои се целосно збришани од земјата.

 

Ekipa AA ušla u Nimrud: Kolijevka civilizacija ostala bez ijednog spomenika

Античкиот град кој е колевка на цивилизациите, денеска е сосема срамнет со земја и во него речиси нема ниту еден историски споменик.

Преостанатите жители на овој град за Анадолија изјавиле дека повлекувајќи се , џихадистите со експлозив ги уништувале вековните споменици.

Нимруд е антички асирски град распослан на реката Тигрис.

Еве како изгледаше овој град пред ИСИЛ:

 

nimrud-city-in-iraq

 

Се претпоставува дека бил формиран пред 3.300 години.

 
06nimrud-articlelarge imagesw460

ИСИЛ, овој град го зазеде пред две години, а сега, исто како и секогаш при повлекувањето, ги користи цивилите како жив штит.