Станари на трите воени кули кои се наоѓаат во реонот на Стар Аеродром, се жалат дека токму денеска, на денот на гласање за локалните избори, им се исклучени лифтовите со изговор дека се подготвуваат за доаѓањето на техничка комисија која треба да ја провери нивната состојба..

Во трите кули на ул ,,Руди Чајевац“, има по 17 ката или по 240 гласачи во секоја од нив.

Оваа метода претходната власт ја користеше за време на претходните локални избори, кога намерно ги исклучија лифтовите на кулите во Капиштец, и кога се прегласуваше три пати за градоначалник на општина Центар.