Искршени стакла и плакати со заканувачки пораки во Битола

Кандидатот за пратеник на СДСМ од втората изборна единица Мухамед Зекири на својот ФБ профил објави фотографија која прикажува искршени стакла на влезната врата на Музејот на албанската азбука во Битола и плаката со заканувачка содржина

,,Еве како не пречекаа на Денот на албанската азбука,,- е кусиот коментар на Зекири.

(видео)

Ова не е првпат овој музеј да биде цел на вандалско однесување, а скоро пред секое празнувањае на Денот на албанската азбука се случува истото.