Здружението за заштита на животни Анима Мунди, објави видео запис со исплашен бел коњ како трча низ главните сообраќајници на Скопје.

Случајот го пријавиле во полиција, стравувајќи за безбедноста на учесниците во сообраќајот, но и за животот на исплашеното животно.

Коњот е снимен како трча во населба Хром, но потоа некои очевидци пријавиле дека го забележале на Партизанаска.

Негрижата за овие кутри животни од страна на нивните сопственици, е често на дневен ред на Анима Мунди. Тие безмилосно се користат за работа и може да се видат како колабираат на улица од прегладнетост или од жед, но нема надлежен орган во државата кој чувствува одговорност да ја регулира оваа нехумана и често опасна ситуација и за граѓаните.

АКО.мк