Истепан хрватскиот пратеник Иван Пернар(видео)

 

Пратеникот во Парламентот на Хрватска Иван Пернар беше нападнат и тепан пред една народна кујна, откако на една жена не и се допаднало што тој ги снимал како чекаат ред.

Видно вознемирена жената почнува да вика и да го удира партеникот кој дошол да разговара со нив, за да и покаже на целата јавност како некои нивни сограѓани живеат. Никој од присутните не му помогнал, едноставно само гледале и не реагирале.

Пернар го објави видеото на Фејсбук, многумина застанаа во негова одбрана, додека некои искажале разбирање и за жената што го нападна.

Тој вели дека идејата му била да покаже дека никој не може да живее со 106 евра социјална помош. Кога се обидел да влезе во народната кујна за да провери каква храна им даваат на корисниците, обезбедувањето не го пуштило.