По пријава од општински советник на општина Гази Баба за непријатен мирис во околина на фабрика МЗТ, дежурните екипи на Инспекторат на град Скопје веднаш реагирале и го пронашле сторителот, информираат од инспекторатот.

Се работи за правен субјект што работи со прекурзори (хемикалии), а на лице место е констатирано дека е настаната хаварија, односносе истекува солна киселина од цистерна.

Веднаш се превземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување.

Според Инспекторатот за животна средина, правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина, направен е записник за понатамошно постапувањ, се вели во информацијата.