Улицата пред фабриката за чоколади Drei Meister во гратчето Верл во Вестфалија, Западна Германија, изутрината беше поплавена од течно чоколадо.

Германските весници објавија дека мал дефект на резервоарот за течно чоколадо, предизвикал хаварија, по што истекле неколку тони смеса за чоколадо, која веднаш се стврднала на замрзнатиот пат.

25 пожарникари работеа на расчистување на улицата.

И покрај штетата, раководството на оваа фабрика е сепак среќно што хаваријата не се случила непосредно пред божиќните празници, па сега, како што велат ќе имаат време да ги надоместат нарачаните количини за продавниците и рестораните низ светот.

Фото: социјални медиуми , Ројтерс