Историската вест на Трамп за Ковид 19 е лекувањето со крвна плазма

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави историска вест, како што рече.

,,Одобрено е ново лекување и третман на коронавирусот, вклучувајќи крвна плазм“-рече Трамп.

Трамп рече дека „пробивот“ на оваа нова метода може да резултира во 35% помалку смртни случаи.

Третманот вклучува употреба на крв од излекувани пациенти сод КОВИД-19 кои имаат изградено антитела против вирусот и потоа тоа внесуваат кај лицата заразени со коронавирус, објаснуваше Трамп.

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) даде одобрение за итни случаи за употреба на плазма за лекување на пациенти со коронавирус,иако оваа метода веќе се користела каја 70.000 пациенти.

Лекувањето на пациенти со крвна плазма во Македонија се применува неколку месеци.

Трамп ги повика Американците кои ја прележала заразат од Ковид 19, да донираат крвна плазма.