Историска насловна страница на LIFE магазин со Горан Стефановски

Ова е насловната страница на некогаш престижниот магазин LIFE, објавена во октомври 2009 година.

Во истиот 41 број на LiFE магазин (од 49) излезе интервју со Горан Стефановски, кое е веројатно исто така за историјата, бидејќи тој ретко даваше, но и ретко добиваше ваков простор за интервјуа, не заради него, туку поради таквиот третман на општеството и медиумите генерално кон културата и нејзините носители.

А Горан Стефановски не беше било кој, туку еден од најголемите драматурзи на овие простори, историска личност, современ Шекспир.

Лајф магазин ги препознаваше токму ваквите дејци, ги третираше на соодветен начин и знаеше да ги испочитува, секому според неговиот придонес и габарит.

,,Лајф беше месечник со единствена тенденција да информира за убавото, културното, здравото и пред сѐ квалитетното. Во тоа време LIFE беше прв и единствен што се печатеше на квалитетна и скапа хартија по примерот на магазините што доаѓаа од светот! Излегуваше на 124 страници и чинеше 100 денари. Основач на магазинот беше Радица Величковиќ, а по нејзината прерана смрт, малата новинарска екипа уште неколку години се обидуваше да го одржува весникот со ист квалитет. Немаше ,,субвенции”, само по некоја реклама и продажба! Но… бидејќи зад Лајф од секогаш стоеле само новинари (немаше тајкуни и донатори), валканите игри околу печатениот медиумски простор му го земаа здивот полека, но катадневно! Требаше да се одолее на притисокот да се смени концепцијата и насловните страници да добијат ,,полесно” ниво, на што главниот уредник никако не се согласуваше… На крајот ,,големите” победија! Едноставно го купија за да го затворат и да се заборави!!!“-вели за АКО.мк Силвана Бркуљан, одговорен уредник на LIFE.

LIFE згасна веќе наредната, 2010 година летото.

Со дозвола на Силвана Бркуљан, која од првиот до последниот број го уредуваше LIFE и која ги штити авторските права на овој, единствен по својата содржина и квалитет магазин кај нас,  го реобјавуваме интервјуто со Горан Стефановски, драматург и писател, кој почина на 66 години во Кентбери, Велика Британија , на 27.11.2018 година.

Автор на интервјуто е Мимоза Петревска.

 

Телото на Горан Стефановски ќе биде кремирано на 5 декември 2018 година во Кентбереи. По негова желба, пепелта ќе биде посипана над Охридското Езеро.

 

Ексклузивно за АКО.мк Силвана Бркуљан и LIFE магазин