Историчарката Тодороска потсетува на нерешениот проблем со Државен архив

Проф. д-р Катерина Тодороска, научен советник во ИНИ, потсетува на нерешеното прашање на Државен архив на Република С. Македонија.

На прес конференција таа рече дека ниту Државен архив се врати во матичната зграда, ниту е направен нов објект за оваа важна државна институција.

Ниту обновуваат, ниту можат, вели Тодороска.

Проф.д-р Катерина Тодороска е носител на изборна листа за пратеници во првата изборна единица на партијата Демократи.