Истрагата во УБК тапка во место

Специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева рече дека по 12 поминати часа во УБК,-,, ние сме на мртва точка”. Овојпат таа беше придружувана и од обвинителката Ленче Ристовска.

Ристовска рече дека судската наредба се однесувала на доставување податоци за сите телефонски броеви кои биле предмет на прислушување. УБК не постапила по судската наредба, тие манифестирале недостиг на технички и персонални капацитети да се реализира судска наредба. Немаме никаков напредок на одземање на податоците кои се предмет на судска наредба, рече Ристовска.

Таа рече дека не е добро да се објавуваат имиња на компаниите , бидејќи со сите што е потребно имаат добра соработка. Товарот на одговорноста е на УБК рече Ристовска.

Јанева дополни дека нема да ги напуштат просториите додека не ги обезбедат потребните доказни материјали. СЈО има обезбедено дежурство од истражители и обвинители.

Двете обвинителки манифестираа цврста увереност дека ќе постапат по судската наредба и ќе останат до крај на нејзино реализирање.

Ние ќе останеме тука ако треба и до први јануари – рече Катица Јанева.