Истрага во МИТ универзитет

Полицијата денеска, по наредба на Основното јавно обвинителство спроведе акција во просториите на приватниот МИТ универзитетот во сите три објекти во градот, заради наводни неправилности во работењето.

Инспектори од МВР, од Управата за Јавни Приходи и од Министерството за образование, во придружба на вооружани полицајци ја проверуваат целокупната документација на универзитетот. Основното обвинителство соопшти дека јавен обвинител дал наредба полиција да изврши претрес на повеќе објекти кои им припаѓаат на МИТ универзитетот. Оттаму велат дека се вршат претреси за да се прибават документи и други предмети што би се користеле како докази во кривична постапка. Претреси се направени и во станот на сопственичката Билјана Апостолова, која тврди дека станува збор за политичка одмазда.

На четирите локации извршен е претрес на 7 одеделни места,а при претресот на станот на сопственичката пронајдени се два индекси од кои еден на турски студент запишан на дентална медицина, за што МИТ Универзитет нема дозвола за работа, ообјави Алфа тв.

Во канцелариите на факултетот пронајдени се и списоци на суденти кои биле запишани на стоматологија и физиотерапија, за што Универзитетот исто така нема дозвола.

Во моментов УЈП има отворено налози за три фирми поврзани со МИТ и вршат проценка исто како и просветниот инспекторат. Покрај тоа, пронајдени се и каса прими од уплати и договори за студирање на козметологија.
Некои медиуми, објавуваат дека станува збор за полициска акција под кодното име „Еразмус 2“.

Интересно е што во МИТ порано беше вработен актуелниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов и како Тони Науновски сега вработен во КЗД, кои добија отказ.