Истрели во училиште во САД, ранети две деца

Најмалку две деца се ранети во инцидент што се случи во основно училиште во Таунсвил во Јужна Каролина, јавува CNN.

Напаѓачот е уапсен, соопштила портпаролката на полицијата за округот Андерсон, Шејла Кол.

„И понатаму работиме на собирање на информации“, соопштиле официјални лица од градот.