,,Исцелител“ е македонски кандидат за Оскар

Ни претставува големо задоволство да објавиме дека #Исцелител е избран да биде македонскиот кандидат за Оскар!-соопшти екипата на овој македонски филм.

,,Им благодариме од срце на членовите на комисијата на Друштвото на филмски работници за укажаната чест. Упатуваме честитки до актерите, екипата и сите кои не поддржувате“-стои во нивното известување.

„Исцелител“ е филм за механичар од железничко депо, кој немајќи пари да купи лекови му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, односно исцелител.

Режисер и продуцент на филмот е Ѓорче Ставревски.

Филмот ќе биде во конкуренција на филмови од неанглиско јазично подрачје.