Исчезна новинар во Србија кој го истражува убиството на Оливер Ивановиќ

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека е распишана потерница по новинарот од Бела црква, Стефан цветковиќ, веднаш откако е пријавено дека неговото возило е оставена на улица со отворена возачка врата и вклучени светла.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и се испратени екипи кои трагаат по новинарот.

Некои белградски медиуми , исчезнувањето на Цветковиќ го доведоа во корелација со неговото истражување на убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ.

По повеќе од шест месеци од неговото убиство во Митровица пред седиштето на партијата, нема никакви резултати од истрагата.