Исчистена долгогодишната дива депонија под Железничка на чие место ќе никне парк(видео)

Исчистена е депонијата кај Железничка станица која со години преставуваше место за фрлање градежен отпад од несовесните граѓани и ја загадуваше животната средина.

,,Апелираме до граѓаните да не создават нови депониии и да се грижат за околината во која живеат. Скопје е град за сите и само заедно можеме да го направиме подобро место за живеење“-велат од Град Скопје.

Сега на ова место ќе се гради парк.