Исчистена е депонијата зад студентскиот дом ,,Пелагонија“

,,Комунална хигиена“,засега,остана без работа во атарот на студенстксиот дом ,,Пелагонија“, во Кисела Вода.

По силните реакции и критики во јавноста, депонијата зад домот направена од станарите кои своето ѓубре го фрлале од прозорците , е исчистена!

Несовесните и некултурни студенти и други станари, но и раководството дозволувајќи таква неодговорност, силно ја вознемирија јавноста со нехигиената и невоспитаноста кои резултираа со оваа страшна слика.