Исчистена Порта Македонија

Штетите направени врз фасадата на објектот Порта Македонија, викендов беа санирани од страна на професионална фирма за чистење, пренесува Скопјеинфо. Дамките од боја и разни чкртаници, беа професионално отстранети без да се оштети автентичниот изглед.

Фирмата „Перфект Чисто“, чија примарна дејност е одржување на станбени објекти, го доби тендерот, а чистењето се направило на соодветен начин за да не се уништи фасадата на објектот. Покрај Порта Македонија, како што е познато, офарбани беа и многу други споменици, згради на министерства, но и самиот објект на Собранието и Владата на РМ.

%d0%bb%d0%b0%d0%b2

Претходно, се санираа штетите на лавовите крај мостот „Гоце Делчев,,.

За одржувањето на спомениците, спомен-обележјата и фонтаните, одговорна е компанијата „Бетон“, која во мај годинава го доби тендерот вреден 730 000 евра за наредните две години.

Договорите на Бетон изминатите години се предмет на истрага на СЈО, а министерката за култура за ова доби и кривична пријава за злоупотреба на службена положба.