Италијанската актерка Азија Арџенто откри дека Харви Вајнстајн ја силувал во Кан(видео)

 

Годинешното издание на Канскиот филмски фестивал заврши со моќен говор на италијанската актерка Азија Арџенто што ги занеми присутните и ги соочи со суровата реалност што резултираше со движењето MиТу(MeToo).

„Во 1997 година Харви Вајнстајн ме силуваше во Кан“, рече актерката пред да ја додели наградата за најдобра актерка.

„Имав 21 година. Овој фестивал беше неговото ловиште. Сакам да предвидам нешто: Харви Вајнстајн никогаш веќе нема да биде добредојден тука. Ќе живее во срам, отфрлен од филмската заедница што порано го прифаќаше и ги прикриваше неговите злодела.“

Потресниот говор на Арџенто ја потсети филмската јавност на гламурозниот настан, дека движењето за заштита на жените во филмската индустрија не е згаснато и дека злоставуваните жени ќе се изборат за својата правда.

(Харви Вајнстајн)

Инаку, јапонската драма „Схоплифтерс“ на режисерот Хироказу Коре-Еда освои Златна палма, а филмот „Блацккклансман“ на американскиот режисер Спајк Ли ја доби Гранд При наградата, додека наградата од жирито ја освои филмот „Цапхарнаüм“ на либанската режисерка Надин Лабаки.Наградата за најдобра режија ја доби полскиот режисер Павел Павлинковски за остварувањето „Студена војна“.

Претседателка на овогодишното жири за доделување на Златната палма беше австралиската актерка Кејт Бланшет.