Италијанската полиција заплени 8 тони марихуана кај македонски државјани

Кај криминална банда од Македонија, италијанската полиција заплени 8 тони марихуана. Дрогата е фатена во близина на Венеција во заедничка акција на полициски патроли од градовите Анкона и Венеција.

Марихуаната првин стасала во пристаништето Анкона, но полицијата намерно го пропуштила камионот да го продолжи патот, а потоа следејќи го, ги уапсила и доставувачите и соработниците.
Возачот е македонски државјанин.