Италија одбива да ги прифати сугестиите на Европска комисија и да го смени буџетот за наредната година, во кој се укинати мерките на штедење.

Пратеник на заедничката прес конференција со комесарот за финансии на ЕУ, Пјер Московици, му покажа со чевелот што мисли за неговиот документ:

Европскиот пратеник од Италија, Анџело Чока, го извади својот чевел “Made in Italy”, и покажа колку му е гајле за мислењето на Европската комисија.

Ова го налути комесарот Московици, кој одби да се ракува со него и да му го даде својот примерок од документот.

Европскта комисија ѝ даде рок од 3 недели на Италија да го поправи буџетот за идната година и да се држи до мерките на штедење заради големиот долг.

Италијанската влада тоа го одбива, велејќи дека е доста штедење и дека тие самите можат да се грижат за својата економија.