И Бајруш Сејдиу е ЗА европска Македонија

Кривичниот совет на Скопскиот суд му ја прифатил молбата за условен отпуст од 11 месеци на Бајрш Сејдиу, потврдиле од Судот за Алфа тв. Но тој нема да се врати веќе на доиздржување на казната, бидејќи  е намалена за 30 проценти со Законот за амнестија, јавуваат други портали.

Сејдиу беше осуден на вкупно 15 години затвор за злосторничко здружување, стечајни неправилности, фалсификат. Против него беа изречени две пресуди една од дванаесет и една од пет и пол години затвор, односно на единствена затворска казна од 15 години. Со законот за амнестија што го донесе оваа власт затворската казна на Сејдиу му беше намалена за 30%, односно за околу четири и пол години.Тој минатата година пред локалните избори исто така беше пуштен на условен отпуст и со сопартијци, му испраќаше поздрав на Заев.

И тогаш и сега реагира ВМРО ДПМНЕ, кои тврдат дека намерно се темпира неговото ослободување, за да ,,помогне“ за резултатите на референдумот.

Бајруш Сејдиу добива поддршка и честитки на својот ФБ профил, а тој пред два дена ја промени својата профилна фотографија врамена во апликацијата дека е ЗА европска Македонија.