И во студентскиот дом ,,Кузман…“ ќе се штитат со камери од ѓубрето на невоспитаните студенти

Еден ден по објавената фотографија на социјалните мрежи и на порталот ako.mk  , раководството на студентскиот дом ,,Кузман Јосифовски-Питу“, кој се наоѓа во центарот на Скопје, организираше чистење на околните покриви од ѓубрето на студентите.

Од студентскиот дом соопштија дека наскоро ќе се инсталира видео надзор и дека ќе се регистрира секое несовесно однесување на студентите, кое ќе биде санкцинирано. Ги повикаа студентите да се однесуваат одговорно.

„Се повикуваат студентите да не фрлаат отпад низ прозорците и да не ја загадуваат околината. Јавната хигиена во студентските дворови е резултат на заедничка грижа за животната средина. Исто така, Државниот студентски центар потсетува дека во иднина ваквото однесување ќе биде санкционирано, бидејќи го загрозува секојдневието на сите студенти“, стои во соопштението од ДСЦ Скопје.

Студентите своето ѓубре, едноставно го исфрлале низ прозорците на околните покриви.

Ваква беше сликата од однесувањето на невоспитаните студенти во ,,Кузман Јосифовски-Питу“

Пред десетина денови се покрена вистинска бура во јавноста по објавената фотографија од дворот на друг студентски дом, ,,Пелагонија“ во Кисела Вода, каде имаше огромно количество кеси со ѓубре исгрлени од прозорците на тамошните студенти и други станари.

И по ова јавно објавување, расчистен е дворот од вработените и воведени се нови правила на однесување, кои, доколку се прекршуваат во континуитет, ќе резултираат со губење на станарското право.

За жал, иста е состојбата и во другите студентски домови во Скопје, па и тамошните раководства треба да преземат итни и трајни мерки.

АКО.мк