Неприфатливото скандирање за време на прославувањето на шампионската титула на Вардар, продолжи и вчера за време на дочекот на ракометарите, поточно пред поаѓањето кон Меѓународниот аеродром Скопје за време на организирањето пред спортската сала ,,Јане Сандански“.

Ваквото скандалозно однесување на навивачките групи мора да се санкционира, бидејќи е очигледно дека апеилите не вродија со плод.

Управите на клубовите имаат голема одговорност, како и самите играчи , но за жал, некои од нив не само што го премолчуваат ова националистичко дивеење насочено кон нашите сограѓани Албанци, туку со својот нескротлив национализам и директно го поттикнуваат.

АКО.мк

Видеото е преземено од ТВ21