И градинка и водовод и сѐ што треба на Косово и Метохија-телефонско шоу на Вучиќ во живо (видео)

Александар Вучиќ, претседател на Србија, имаше телефонско шоу во живо на програмата на РТС, во кое на Србите од Косово и Метохија им ветуваше сѐ што им треба.

РТС вчера објави дека Вучиќ телефонски им се обратил на косовските Срби на прес конференција на Српска листа во Косовска Митровица, а неговите зборови беа со аплауз одобрени од присутните.

Ова не е првпат српскиот претседател на овој начин да ги ,,решава“ проблемите или да ги слави изборните победи со косовските Срби.