И деца од 3 години побараа СДСМ да ја отфрли Тиранската платформа и цртаа за унитарна Македонија!

Организаторите на митинзите ,,За заедничка Македонија“  ја преминаа црвената линија на пристојност. Во градскиот парк во Скопје организираа, како што велат, музички хепенинг.

Според нив -,, Музичкиот хепенинг на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ повторно беше масовно посетен, а можеа да се забележат луѓе на сите возрасти, од најмладо до најстаро. На најмладите им беа поделени чоколатца со порака „За заедничка Македонија“-се фалат организаторите.


Замислете, велат, ,,граѓаните овој пат, наместо со транспаренти, преку музика и забава испратија порака дека нема да дозволат да се наметне Тиранската платформа и точките во неа“!?

Со музичкиот хепенинг, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска повторно испрати порака за унитарна Македонија-велат организаторите.

Сепак, бидејќи станува збор за деца на возраст од 3 до 10, се разбира, за овој скандалозен настан согласност дале нивните родители.