Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, вчера му се обрати на членството на оваа партија во тетовските села.

Но, забележително е дека таа за публика во Брвеница ги имаше главно мажите .

Две жени меѓу симпатизерите и членовите на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница


Дека политиката не ги интересира многу жените, се гледа и од фотографиите од Јегуновце.

Само две-три жени дојдоа да слушнат што има да каже Гордана Силјановска

Силјановска ги праша присутните:


,,Кој ќе гласа за мене? Јас сум некој кој ќе ги претставува сите граѓани на Македонија, оние кои редовно гласаат за ВМРО ДПМНЕ, оние кои се разочараа од оваа власт, оние кои се разочараа од револуцијата, оние кои никогаш не гласале, оние кои се почуствуваа дека го губат достоинството, оние кои ми биле студенти без разлика на етничка и верска припадност, бидејќи граѓани гласаат на избори. Поединци, а не партии! “-им рече професорката, која е втора жена кандидат за Претседател во историјата на Македонија.

Но, тоа очигледно не е доволен мотив да ѝ ја дадат потребната поддршка при нејзиното претставување пред партиското членство на ВМРО ДПМНЕ.

Но, Силјановска барем доби цврста машка прегратка.

Прегратка за Силјановска во Јегуновце

Таа вели дека е многу задоволна од срдечниот пречек во Јегуновце.

,, Во Јегуновце ме пречекаа срдечно! Разменивме маки, проблеми и зборувавме за најголемите стравови. Луѓето гледаат во мене надеж дека конечно работите ќе се вратат во нормала, вистинските вредности ќе победат и сите бараат право и правда“-се надева Силјановска.