Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ, фаворит на УС Опен, се соочи со мала непријатност при влезот на тенискиот терен каде требаше да игра меч од овој турнир во Њујорк.

Ноле ја заборавил акредитацијата, па редарот на влезот му укажа дека не може да влезе без неа.


Ѓоковиќ се јави во својот тим и по кусо време дилемата беше решена, но правилата се правила, па и за еден Новак.