Жители на населбата Лисиче се жалат дека се заборавени од локалната самоуправа. Испратија неколку фотографии кои покажуваат ужасна еколошка состојба. Велат, диви депонии има на секој чекор.

Повеќепати се жалеле во општина Аеродром,  но отаму нема никаква реакција. Несовесни граѓани продолжуваат да депонираат секаков смет покрај улиците и ниту се казнуваат, ниту се чисти.

Актуелното локално раководство, кое една година раководи со најголемата скопска општина Аеродром, не може и не знае да одговори на предизвиците.

Пред неколку денови кејот на Вардар беше по подолго време искосен, но ѓубрето делумно беше истовремено фрлено во реката, а другото остана неподигнато.

Насекаде е недоволно исчистено и запуштено, па жителите не ретко прават споредби и велат дека вака запуштена оваа населба никогаш не била.