И македонските кафулиња ги отворија вратите за бездомните кучиња и мачиња

Париз мезе бар (на Рузвелтова), Винил (спроти Соборниот храм), Радио бар (во Дебар маало) и Драмски кафе бар се само дел од угостителските објекти кои на овие минусни температури ги отворија своите врати за бездомните кучиња и мачиња да соберат душа и да се затоплат.
Споделете го овој албум, да ги поттикнеме и останатите да се приклучат кон овој хуман гест!
ААПЖ им благодари на угостителите со големи срца

Овие кафулиња, а и сите други кои покажуваат хуманост кон бездомните најдобри пријатели на човекот, се само дел од светскиот тренд на човечност кон кучињата за што секојдневно известуваат странските медиуми, како пред некој ден за истанбулските настани со згрижување на кучињата на ниските зимски температури.

Да им се придружиме!

АКО.мк