И Мијалков избега од новинарите

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков не го одржа ветувањето дека по распитот во СЈО ќе даде изјава за новинарите.

На заминување рече дека тоа ќе го стори во некоја друга прилика

СЈО не сака да ја коментира истрагата.

Непотврдени се информациите дека Мијалков бил на распит за случајот „Тортура“, во врска со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Во „Тортура“ има шестмина осомничени. Покрај Мијалков, осомничен е и некогашниот прв човек на полициската единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки.

Единствено за Мијалков СЈО не бара притвор или други мерки за претпазливост со образложение дека не постои опасност од бегство.

За другите осомничени кои се вработени во МВР беше поднесен предлог за определување забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.