И наследникот на починатиот патријарх Иринеј е позитивен на Ковид 19

Митрополитот Хризостом, кој по смртта на српскиот патријарх Иринеј, ја држеше погребната литургија, е позитивен на Ковид 19, соопшти СПЦ.

Тој е сместен на Инфективната клиника во Белград.

Хризостом беше именувам за наследник на патријархот до изборот на новиот поглавар на СПЦ.

Иринеј почина од Ковид 19 откако претходно ја предводеше литургијата на владиката црногорски Амфилохије кој исто така почина од компликации на овој вирус.

Митрополитот Хризостом ја предводеше погребната литургија на српскиот патријарх Иринеј.