На повидок нов корона кластер. Медиуми во Србија известуваат дека од утрината, и покрај предупредувањата на кризниот штаб за борба против корона, верници доаѓаат во храмот св. Сава во Белград и го бакнуваат ковчегот со мртвото тело на починатиот патријарх на СПЦ, Иринеј.

Овојпат, телото е заштитено со плексиглас, па верниците барем не го бакнуваат мртвиот патријарх директно во главата.

Како што е познато, Иринеј почина од последици на Ковид 19, а се зарази на погребот на владиката Амфилохије во Црна Гора, кој исто така почина од Ковид 19.

СПЦ соопшти дека за време на литургијата во соборниот храм ќе се почитуваат заштитните мерки од Ковид 19, но медиуми известуваат дека тоа не е така.

Многумина не носат маски и не држат дистанца.

Инаку, Србија се соочува со експлозија на корона вирусот, посебно во Белград.

Фото:Информер